четврток, 12 ноември 2026
Најново

Морковот, црниот и белиот лук даваат одличен вкус на ова јадење: Чорба со црвена леќа која морате да ја послужите на домашните

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Можеби нема често да ставате леќа во јадењата, но ова е можност да внесете нов рецепт во тетратката, а потоа да подготвите супа која сите ќе ја обожаваат.
Состојки:
1 кромид
1 чешне лук
1 морков
сол
бибер
лажица куркума
лажица мелен ѓумбир (може и свеж)
1 ловоров лист
6 чаши вода
100 гр црвена леќа
100 мл сос од домати
Запршка:
лажица маснотии
лажица црвен пипер
Подготовка:
Прво треба ситно да го исецкате зеленчукот, а потоа тие состојки ставете ги во тенџере со вода што треба да се готви 30 минути, додека леќата не набабри.
Кон крајот додадете ѓумбир, куркума, сол и бибер по вкус и сè убаво измешајте.
Во посебно тавче истурете ги маснотиите и пиперката, пропржете ги и додајте ги во претходно сварените состојки.
Промешајте и зовријте уште малку на тивок оган, по што се треба да се тргне од оган.

Поврзани вести