Мусака од боранија и компири

1 кг одмрзната боранија
1 кг кругови компири
250 г панцета
3 јајца
300 мл млеко
200 г рендан кашкавал
70 г маргарин
сок од ½ лимон
3-4 исечени чешниња лук
1 лажица сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер
Панцетата исечете ја на парчиња и во сад измешајте ја со боранијата, лукот и сокот од лимон.
Јајцата изматете ги со виљушка и додадете ги млекото, сувиот зачин, сол и црн пипер.
Во тава намрсена со маргарин нанесете половина од боранијата и наредете кругови компири. Додадете ја преостанатата боранија и повторно прекријте со кругови компири. Прелијте со јајцата со млеко.
Нанесете го кашкавалот и попрскајте со масло. Печете 40 минути на 200 степени.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.