Намаз од коријандер

Коријандерот познат и како кинески магдонос, специфичен по силниот вкус и мирис, е еден од најдобрите чистачи и закрепнувачи на организмот.

Лековитите својства на оваа билка се одамна познати, уште од најстарите времиња листовите од коријандер се користат за целосна детоксикација на организмот, за зајакнување на имунитетот и крвната слика, при менструални болки, за намалување на нивото на шеќер, но и за смирување и лекување на изгореници и ублажување на мачнина.

Во поново време оваа чудесна билка се почесто се употребува и во превенцијата и лекување на канцерогените заболувања и туморите.
Заради специфичниот вкус, не секој може да го конзумира како додаток во салата, па најчесто се приготвува како чај. Чај од коријандер се прави со 6 г семки од коријандер и 500 мл вода (засладен со мед).

Листот од коријандер секогаш се употребува свеж, има јака арома и најчесто се употребува во јужноамериканската и азијската кујна, додека во европската кујна повеќе се употребуваат сушените зрна. Свежото мелено семе од коријандер е одличен додаток на печивата, супите и јадењата од зеленчук.

Намаз од коријандер

Од оваа билка се прави исклучително вкусна паста наречена песто коријандер со неодолив вкус. Песто коријандер може да послужи како додаток- салата со било кое јадење, додаток во тестенини, но и како намаз за леб.

Се подготвува многу едноставно и брзо, а е вистински чувар на вашето здравје.
1 китка коријандер
100 г бадеми (непечени)
маслиново масло
сок од 1/2 лимон
1 чешне лук
Сите состојки се ставаат во блендер и се миксираат додека не се добие хомогена смеса. Доколку смесата е премногу густа додадете половина филџан млака вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.