Направете домашен чипс од кељ

Дали го менувате начинот на исхрана за да го добиете посакуваното летно тело? Дали знаете дека одредени комбинации на храна можат да ви помогнат во тоа? Никој не сака рестрикции кога станува збор за слабеење и секој одвреме-навреме мами додека држи диета. Овие комбинации на храна ќе ве заситат, а истовремено ќе ви помогнат да ги согорите масните наслаги.
Здрав чипс што ќе ја намали вашата потреба за грицки


Потребни состојки:
200 грама кељ со отстранети дршки
4 лажици кокосово масло
1 лажичка сол
1 лажица нутритивен квасец
1/2 лажичка лук во прав
Начин на подготовка:
Измијте го и исушете го кељот. Отстранете ги лисјата од дршките и вените, како и сите делови што сметате дека би ви биле тешки за грицкање. Во мал сад ставете ги солта, квасецот и лукот во прав и добро измешајте ги. Потоа, сипете им масло на лисјата од кељ, па просејте им и од мешавината со солта. Пржете на пареа околу 3 минути, свртете ги на другата страна и пржете уште околу една минута.
Совет: Поделете го кељот на две половини при подготовката за да добиете повкусен чипс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.