Највкусната и најбрза бисквит торта

500 г бисквити
200 мл млеко
1 литар млеко
4 кесички прашок за пудинг од ванила
12 лажици шеќер
200 г бело чоколадо
250 г маргарин
2 кесички шлаг
200 мл млеко
50 г чоколадо за готвење
Во 1 литар млеко сварете ги пудинзите. Во топлиот пудинг додадете го белото чоколадо искршено на парчиња, мешајте додека се растопи и оставете смесата да се излади.
Со миксер пенесто изматете го маргаринот. Додадете ја изладената смеса и изматете го филот.
Во 200 мл млеко потопувајте ги бисквитите и редете ги во тава, обложена со најлонска фолија. Врз еден ред бисквити нанесете од филот. Повторно наредете бисквити потопени во млеко и филувајте. Повторувајте ја постапката додека ги потрошите сите бисквите и целиот фил. Изладете ја тортата во фрижидер, премачкајте ја со изматениот шлаг и изрендајте чоколадо за готвење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.