Највкусниот десерт без печење: Нутела чизкејк

Чизкејк + Нутела = сладок, кремаст деликатес кој ќе го правите повторно, и повторно, и повторно.

СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТОТО

250 грама бисквити

75 грама путер

15-20 грама сецкани лешници

2-3 американски бисквити со чоколадо

ПОДГОТОВКА НА ТЕСТОТО

  1. Сите состојки се ставаат во блендер/процесор и се мешаат додека да се добие „песокливо” тесто. Ако немате блендер, бисквитите се мелат или се дробат ситно, се додава растопениот путер и останатите состојки и се меша со миксер.
  2. Смесата убаво се натапкува во тава (со раце или лажица). Најпожелно е да користи тава со прстен кој се вади. Добиеното тесто се става во фрижидер или замрзнувач да се стегне.

СОСТОЈКИ НА ФИЛОТ

400 грама нутела

250 грама крем сирење

250 грама маскарпоне

50-100 грама сецкани печени лешници

ПОДГОТОВКА НА ФИЛОТ

  1. Се матат крем сирењето со маскарпонето. Потоа се додава Нутелата и сокот од портокал.
  2. Изматената смеса се истура врз изладеното тесто. Врз филот се наросуваат исечканите лешници.
  3. Чизкејкот се остава 4-5 часа да се лади во фрижидер. Се сервира ладен.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.