Најдобриот рецепт за домашни переци со сирење

Потребни состојки:
100 г путер или маргарин
300 г кравјо сирење
300 г брашно
Сол
2 жолтки
1 јајце(за премачкување)
Сусам, ким, мак
Начин на подготовка:
Во брашно додајте сол. Соединете го сирењето со жолтките, додајте ги во брашно и додајте го путерот, па замесете.
Замотајте го тестото во фолија и оставете го во фрижидер, најмалку 1 час или преку ноќ.
Расукајте го тестото и со модла формирајте переци. Премачкајте ги со јајце и наросете со семки по избор. Печете на 180 степени околу 15 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.