Најдобриот рецепт за палачинки со пилешко и печурки

За 4 лица:
Потребни состојки:
600 г пилешки стек
90 г путер
1 главица кромид
2 чешниња лук
1 пиперки
250 г шампињони
1 лажица брашно
2 дл пилешки бујон
2 дл млеко
Сол и бибер
Кари
8 палачинки


Начин на подготовка:
Сварете го пилешкото во зовриена вода, извадете го и оставете го на страна. Оставете од течноста во која го варевте пилешкото месо.
Во тава растопете масло, па додајте пропржен сечкан кромид и пиперка. Додајте ситно сечкан лук и печурки. Посолете и зачинете со кари.
Пилешкото месо исечете го на парчиња, посолете и додајте бибер, а потоа ставете го во тава. Во малку млеко разматете брашно, па оваа смеса сипете ја во тава.
Додајте го останатото млеко и пилешката супа. Оставете го јадењето неколку минути на средна температура, мешајте додека да се соединат вкусовите, а сосот да добие убава густина. Наполнете ги палачинките и послужете додека е топло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.