НАЈДОБРИТЕ 5 ПОСНИ КОЛАЧИ: Интересни и убави предлози за славската трпеза, но и кога сакате да се засладите со нешто брзо и лесно

Со овие 5 идеи за посни колачи ќе ја разубавите секоја празнична трпеза, но и ќе се израдувате себеси, како и вашите најблиски. Божиќните пости се во тек, па за сите кои постат избравме 4 вкусни десерти кои можете да ги јадете за време на пост со масло, а колачот со гриз и кокос е одличен за оние денови кога се пости на вода.
Овие вкусни десерти можете да ги послужите и на слави или родендени. Сите мислат дека мора да се откажат од многу намирници за време на постот, но во овој случај грешат, бидејќи навистина изборот е голем и можат да приготват различни и вкусни десерти со посни и „дозволени“ намирници.
ТОРТА СО КОКОС И ГРИЗ. За сите кои постат еве одличен рецепт за вкусен десерт. Се приготвува за само неколку минути, единствено што треба да почекате е да се олади и стврдне. Ако многу ви се брза можете да го ставите и во замрзнувач. Во рецептот не е спомнато, но по желба можете да користите и мелени лешници, чоколадо или нешто друго по вкус.
Потребни состојки: 2 литри вода, 500-600 г гриз, 300 г шеќер, 1 ванилин шеќер или екстракт од ванила, 200 г кокос, 2 лажици какао во прав. Може да додадете и малини, јагоди, банани или џем…
прекрасно парче од приготвената посна торта со гриз
Постапка: Сварете го гризот во вода заедно со шеќерот и ванилата. Веднаш поделете го два еднакви дела, па едниот додајте кокос, а во другиот какао. Калап со пречник од 25 см обложете го со проѕирна фолија.


Излејте го првиот дел со кокос, па премачкјате со 4 лажиџи џем или рамниомерно распоредете некое овошје по ваш вкус, па одозгора прелијте го вториот дел со какаото. оставете го колачот добро да се стегне во фрижидер или еден час во замрзнувач.
Потоа превртете го колачот и така извадете го од калапот. отстранете ја фолијата и наросете го со кокос или декорирајте го по ваша желба. Сите детали околу постапката на приготвување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
посна торта со гриз и кокос
КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА И ОРЕВИ. Ова е еден старински колач кој го приготвуваа нашите баби. Многу едноставно се приготвува, а многу е вкусен. Додека се пече, цела куќа ќе ви замира убаво, на есенски јаболка и ванила… Рецепт на Том Филос.
Посен колач со јаболка / Том Филос
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 големи јаболка, 250 г шеќер, 15 г сода бикарбона, 250 г мелени ореви, 400 г брашно, 130 мл масло, 15 г ванилин шеќер. За сируп: 400 г шеќер, 400 мл вода, лимон и мелени ореви за декорација (за наросување одозгора). Врел колачот се залева со ладен сируп.
ПОСТАПКА: Јаболката изрендајте ги и додајте 250 г шеќер, 15 г ванилин шеќер и 15 г сода бикарбона. Промешајте и додајте 130 мл масло и 400 г брашно. Во смесата додајте 250 г мелени ореви и уште еднаш убаво промешајте. Смесата распоредете ја во намастен и набрашнет плех со димензии 38х35 см.

Колачот ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 180 минути околу половина час. Печениот колач извадете го од рерна и оставете го 1-2 минути да излади, па додека е сè уште е врел прелијте го со ладен шербет.
Шербетот е најдобро да се приготви неколку часа претходно за да има време да се олади. Во едно тенџере ставете 400 гр шеќер и прелијте со 400 мл вода, па од моментот на зовривање, сирупот гответе го 5 минути. Печениот колач прелијте го со изладениот сируп, а потоа одозгора наросете мелени или ситно сечкани ореви.
Колачот оставете го целосно да се олади и да го впие шеќерниот сируп (откако ќе се олади на собна температура, ставете го во фрижидер). Потоа сечете го на коцки и послужете го. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
ПИТА СО ЈАБОЛКА, ПРЕЛИЕНА СО ЧОКОЛАДО. Рецепт и видео презентација на CooKing – Најсочниот посен колач. Многу вкусен, сочен и неодолив колач со јаболка и гриз. Не е „т ежок”, напротив, многу е лесен за јадење, се топи во уста и мириса преубаво. Се мери со шолја од 200 мл.
Потребни состојки: 3 шолји рендани јаболка, 1 шолја гриз, ½ шолја шеќер (а може и помалку ако се благи јаболката, по вкус), 10 г ванилин шеќер (една кесичка), ½ шолја масло, ½ шолја вода, 1 лажичка прашок за печиво или сода бикарбона, цимет во прав. И уште: 100 г посно чоколадо, 3 лажици масло, лебни трошки за наросување во тепсијата или брашно.
Постапка: јаболката убаво измијте ги, излупете ги, а потоа изрендајте ги. Во подлабок сад ставете една шолја гриз, три шолји рендани јаболка, половина шолја шеќер, една кесичка ванилин шеќер, една лажичка прашок за печиво или сода бикарбона и цимет по вкус.
Уште додајте шоловина шолја вода и половина шолја масло. Состојките убаво измиксајте ги со миксер додека да се изедначат во убава речиси мазна смеса. Калап со пречник од 24 см намастете го со малку масло и наросете го со лебни трошки или брашно.
Потоа рамномерно распоредете ја приготвената смеса и убаво израмнете одозгора. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. Проверете со чепкалка дали е готов колачот.
Печениот колач оставете го малку да подизлади додека ја приготвувате глазурата. Растопете го чоколадото со маслото на тивок оган, па излејте го рамномерно врз колачот и оставете да се стегне. Потоа сечете и послужете.
ЧОКОЛАДНА ТОРТА ОД 3 СОСТОЈКИ. Овој колач не само што е многу вкусен, туку е многу здрав. Богат е со калиум и здрави антиоксиданти кои го подобруваат здравјето на срцето, а калциумот и магнезиумот се одлични за одржување на цврстината на коските. Исто така, изобилува и со диетални влакна кои се како мевлем за дебелото црево.
СОСТОЈКИ: 180 г овесни снегулки (малку истостирани и оставени да се оладат), 2 големи зрели банани (вкупно 490 г, а излупени 300 г) и 200 г темно чоколадо со што повеќе проценти на какао. Препорачливо од 60 % па нагоре.
Овесните снегулки (одберете крупни и цели) ставете ги во нелеплива сува тава, па истостирајте ги на тивок оган. Мешајте постојано неколку минути додека малку да пожолтат и да замирисаат убаво. Тргнете ги настрана да се подизладат.
Потоа бананите излупете ги (вкупно 300 г само пулпа), искршете ги на омали парчиња и ставете ги во блендер, па измиксајте ги додека да добиете изедначено и мазно пире. Чоколадото искршете го на коцки и ставете го во еден подлабок сад. потоа растопете го во микробранова печка или на пареа.
Не треба да биде премногу врело, само постигнете негово растопување. Во растопеното чоколадо додајте го пирето од банани и промешајте додека да добиете изедначена нежна смеса како крем. Во оваа смеса додајте ги подизладените овесни снегулки и промешајте.
Мешајте со лажица или шпатула додека сите состојки да се изедначат. Овесните снегулки многу брзо ќе ја впијат сета течност и ќе добиете ровко тесто со конзистенција на влажен песок.

Добиената смеса излејте ја во калап за торти со флексибилен обраш, рамномерно распоредете и израмнете, па колачот ставете го во фрижидер на ладење, најмалку еден час. Потоа можете да го сечете и да го послужите. На здравје сладење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.