Наједноставен рецепт за гирици без неред во кујната

Гириците се евтини и лесно и брзо се подготвуваат. Овој рецепт ќе ви се допадне бидејќи ќе ви требаат само три состојки, нема валкани садови, а превкусни се.

Гирица е единствената риба што не мора да ја чистите и која можете да ја јадете во еден залак. Се работи за мала морска риба Sprattus sprattus од семејството Clupidae (харинги). Многу е деликатна риба и исклучително вкусна, но и покрај тоа, нејзината економска важност е многу мала. Одличен е извор на протеини со висока вредност. Месото од гирица е богато со омега-3 масни киселини, кои помагаат во спречување на многу болести на циркулаторниот систем.

Најчесто се подготвуваат така што се валкаат во брашно и се пржат на многу зејтин. Но, овој начин на подготовка ќе го усмрди домот, ќе имате и многу садови за миење, а поради зејтинот не е здрава опција за јадење.
Ви предлагаме да го пробате следниов рецепт за гирици. Не само што вкусот ќе ве воодушеви, туку нема да имате валкани садови, а јадењето брзо ќе биде готово.

Потребни состојки:
500 гр гирици
зачин за риба
½ лимон

Подготовка:
Доколку користите замрзнати гирици, одмрзнете ги и измијте ги, а потоа исушете ги со крпа и наредете ги на фолија. Посипете ги со зачин за риба, а одозгора наредете го исечканиот лимон. Затворете ја фолијата и печете во загреана рерна на 220°C околу 15 минути, или додека не видите дека се готови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.