четврток, 12 ноември 2026
Најново

Наједноставната торта на светот: Рецепт за овошна рапсодија од малини

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во текот на жешките, летни денови на секоја домаќинка ѝ е важно што помалку време да поминува во кујната, а притоа да направи врвно јадење или десерт со кое ќе ги израдува своите најсакани.

Овој рецепт е токму за таквите дами!
Рецепт за торта/колач од само четири состојки, без кора, печење и за која всушност нема да употребите ниту шпорет, рерна, рингла, па дури ниту миксер.
Тортата од малини со пишкоти и павлака за готвење ќе ги задоволи вкусовите на цело семејство.

Состојки:

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

  • 300 грама замрзнати малини;
  • 400 грама кисела павлака;
  • 500 грама пишкоти;
  • 5 лажици шеќер во прав.

Подготовка:
Оставете малините малку да се одмрзнат (но, не целосно), па помешајте ги со шеќерот во прав.
Распоредете ги пишкотите (претходно може по желба да ги потопите во млеко), над пишкотите ставете го филот со павлаката за готвење и шеќерот во прав, а потоа распоредете ги малините.
Над нив наредете уште еден ред пишкоти, па потоа павлаката со шеќер во прав и повторно малини. Следете го тој редослед додека не ги потрошите сите состојки.
По желба одгоре може да нарендате и малку чоколадо.
Тортата ставете ја во фрижидер за да се излади. Сервирајте и уживајте во вкусот.

На здравје!

Поврзани вести