Најубавиот домашен Лахмаџун

ЗА ТЕСТО
400 г брашно
½ свеж квасец
1 лажичка шеќер
100 мл вода
100 мл млеко
1 лажица маслиново масло
сол
ЗА ФИЛ
400 г мелено јунешко месо
200 г конзервирани домати
1 главица кромид
2 пиперки
200 г кашкавал
4 лажици масло за јадење
1 лажица сув зачин
мелен црн пипер
Во длабок сад соединете ги млекото, водата, шеќерот, квасецот, маслото и малку сол. Постепено додавајте го брашното, месејќи цело време додека добиете меко и еластично тесто.
Подготвеното тесто оставете го да стасува 40-тина минути.
Кромидот ситно исечкајте го, а пиперката и конзервираните домати исечете ги на коцки. Кашкавалот изрендајте го на крупната страна од рендето.
На малку масло ставете да се пржат кромидот и пиперката. По кратко време додадете ги меленото месо, конзервираните домати и зачините. Динстајте додека омекнат сите состојки.
Стасаното тесто поделете го на четири дела. Секој дел со раце развлечете го во облик на пица, внимавајќи краевите да бидат подебели.
Врз обликуваните теста нанесете ги подготвениот фил и изренданиот кашкавал. Печете во рерна 20 минути на 200 степени или додека поруменат.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.