четврток, 12 ноември 2026
Најново

Најубавите запечени макарони

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Тестенините се најдобри пријателки на секоја домаќинка за време на викендот кога сака да се одмори од сите обврски, но и да направи вкусен ручек или вечера, што ќе го задоволи семејството.
Макарони со сирење и сланина е вкусно јадење кое многу лесно се подготвува.
Потребно е само добра волја и следните намирници.
Состојки:
500 гр тестенини
4 јајца
200 гр сирење
150 мл јогурт
180 гр (1 чаша) кисела павлака
150 гр сланина
лажица путер
сол, бибер, зачини по вкус
оригано
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени, и намачкајте ја тавата во која ќе ги печете макароните со путер. Гответе ги тестенините според упатствата од кесата, а потоа процедете ги.
Во посебен сад изматете ги јајцата, потоа додадете јогурт, павлака и зачини.
Изрендајте го сирењето на големо ренде, и ситно исецкајте ја сланината.
Во сад ставете половина од макароните, посипете со половина од сирењето и целата сланина. Одозгора ставете ја другата половина од макароните, а завршете го редењето со остатокот од сирењето.
Потоа истурете мешавина од јајца и млечни производи врз се.
Печете ги тестенините 30 минути, и оставете ги да се изладат 10 минути пред да ги послужите.

Поврзани вести