На кратко за случајот ТЕНК, за кој Груевски е осуден на две години затвор

Бидејќи ние како народ брзо забораваме, кратко паметиме, прераскажуваме полувистини или полугласови се одлучивме во кратки црти да ве потсетиме на случајот Тенк, односно за што всушност се работи кога зборуваме за набавката на Мерцедесот за Груевски.
Во случајот „Тенк“, Груевски се товари за примање награда за протизаконско влијание, односно дека ја искористил својата моќ и ја натерал тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Министерството да набави „мерцедес“ во кој ќе се вози токму тој. Набавката на „мерцедесот“ се држела во тајност, во разговорите Груевски го нарекува „тоа на М“ и „триаголникот“ и ѝ порачува на Јанкулоска да има екрани на седиштата и „фул“ луксузна опрема. Двајцата се договарале Груевски да не се вози со скапиот автомобил пред народот и новинарите, но да го добива кога сака.
Договорот за набавката го потпишал Ѓоко Поповски, а овластувања за тоа му дала Јанкулоска. Апелацискиот суд донесе одлука и за жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали затворската казна, од шест години и шест месеци на четири години и шест месеци. Јанкулоска пресудата за овој случај ќе ја слушне в понеделник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.