Неодоливо лепче со компири и моцарела

На интернет налетавме на корејски рецепт за лепче со компири и моцарела кој делува доста едноставно и вкусно. Но, делува и италијански…
За овој рецепт нема да има потреба да печете во рерна, ниту пак да користите квасец.
Потребни состојки:
90 gr брашно
55 gr млеко
10 gr стопен несолен путер
малку сол
1 компир (средна големина)
2 лажици мајонез
моцарела сирење
мед

Подготовка:
Измешајте ги брашното, млекото и стопениот путер заедно со малку сол. Формираното месте месете го 5 минути. Покријте го со најлонска фолија и ставете го во фрижидер да отстои 1 час.
Излупете компир и сварете го, а потоа пасирајте го. Додајте мајонез и измешајте.
Тестото растегнете го во круг со дијаметар отприлика 22 сантиметра. Наредете ред моцарела, па пасираниот компир и повторно ред моцарела. Краевите спојте ги како на видеото, превртете и повторно со сукало растегнете.
Во соодветно тавче намачкајте путер и пржете од двете страни (пред да превртите премачкајте ја и горната страна). Превртивајте неколку пати додека двете страни не добијат златна боја.
Кореанците ова лепче го јадат со мед кој им служи како сос.
Иако рецептот е корејски, ова јадење всушност потекнува, погодувате, од Италија и тоа од регионот Емилија-Ромања каде што се нарекува крешоне и постојат различни комбинации на состојки со кои се подготвува. Италијанците често додаваат и некој вид на месо, сланина или пршута.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.