Неодоливо уживање: Слатки бели бомбици полнети со карамел

Изгледаат неверојатно, а вкусот го надминува и изгледот. Ќе се вљубите во овие топчиња од бело чоколадо полнети со карамел уште на првото пробување.
Се прават лесно и иако ќе ви биде потребно малку повеќе трпение, резултатот ќе се исплати на крајот. Најдобро е да си направите дупла доза бидејќи ќе ги снема за минутка.
Потребни состојки
За карамелот:
200 g шеќер
70 g омекнат путер
80-120 ml слатка павлака
Течни состојки:
3 јајца
1/3 шолја масло за готвење
½ шолја млеко
1 лажичка екстракт од ванила


Тврди состојки:
180 g брашно
¼ лажичка нишесте
1 лажичка печиво
½ лажичка сода бикарбона
Прстофат сол
130 g шеќер
За сосот од бело чоколадо:
150 g бело чоколадо
1 шолја слатка павлака за готвење


Начин на подготовка:
1. Прво, направете го карамелот. Во подлабок сад ставете го шеќерот и постојано мешајте на средна температура додека не добиете златнокафеава смеса.
2. Полека додадете го путерот и постојано мешајте. Уште 2-3 минути. Внимавајте, додавањето на путерот ќе предизвика шеќерот да зоврие со меурчиња.
3. Полека додавајте ја слатката павлака во смесата и не престанувајте со мешање уште 1 минута, а потоа тргнете го тенџерето од огнот.
4. Оставете комплетно да се олади во фрижидерот во текот на ноќта.
5. На ред е цврстата смеса за бомбиците. Загрејте ја рерната на 180˚С и премачкајте кружен калап за печење со путер или ставете хартија за печење.
6. Прво измешајте ги течните, а потоа додадете ги тврдите состојки. Мешајте додека не добиете еднолична смеса. Префрлете ја во тавчето за печење и печете околу 40 минути. Со чепкалка проверете дали „тестото“ е печено. Оставете добро да се олади.
7. Додека колачот се лади, подгответе го сосот од бело чоколадо. Во огноотпорен сад ставете го белото чоколадо. Загрејте ја павлаката за готвење, а потоа истурете ја врз чоколадото, со постојано мешање.
Составете ги бомбиците!
1. Иситнете го колачот со раце и направете го во вид на трошки. Врз него додадете го сосот од бело чоколадо и мешајте додека не добиете хомогена смеса која не се одвојува и распаѓа.
2. Од тврдиот карамел одвојте мало топче со лажиче или со рацете.
3. Со помош на лажица за сладолед земете од смесата (колач+бел сос) и оформете поголемо топче. Во средината ставете го помалото топче од карамел.
4. Вака подготвените топчиња ставете ги во замрзнувач најмалку 1 час.
5. На крајот прелијте ги со уште малку течно бело чоколадо и декорирајте по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.