Неодолив десерт кој лесно се прави

За кора: Постепено матете јајца и шеќер, па додавајте млеко, брашно, масло, прашок за печиво и какао. Кога сè ќе биде разматено во глатка смеса, ставете во намастен плех и печете на 200 степени додека не порумени.
За фил: Белките пенасто разматете ги со шеќер така што ќе добиете цврст снег. Тоа ставете го на топлата кора. Исклучете ја рерната и исушете. Кога смесата ќе биде доволно цврста извадете од рерна. Кога ќе се излади прелијте со глазура од чоколадо, шеќер, млеко и маргарин.


Ставете во фрижидер добро да се излади и стегне. Исечете на коцки и послужете
СОСТОЈКИ ЗА КОРА: 5 жолчки, 1 чаша шеќер, 1 чаша млеко, 1 чаша масло, 1,5 чаша брашно, 1 прашок за печиво, 2 лажици какао
СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ: 5 белки, 15 лажици шеќер
СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ: 100 гр чоколадо, 4 лажици шеќер, 4 лажици млеко, 1 лажица маргарин

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.