Неодолив колач со мак и јаболка

Потребни состојки:
3 јајца
150 г шеќер
100 мл масло
100 мл млеко
200 г брашно
Прстофат сол
1 прашок за печиво
100 г мелен мак
2 помалки јаболка
Глазура
40 г маргарин
150 г чоколадо
Начин на подготовка:
Изматете јајца и шеќер и додајте масло и млеко. На крај измешајте го брашното со сол и прашок за печиво. Додајте го мелениот мак и излупените јаболка.
Промешајте ја смесата и додајте ја во тава за печење(34х20), обложен со хартија за печење.
Печете во рерна на 180 степени околу 30 минути.
Растопете го чоколадото со маргарин на пареа. Откако ќе се излади колачот прелијте го со чоколадна глазура.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.