Неодолив рецепт за кремаст ролат: Лесно се прави, а не се ни пече

Рецепт за кремаст ролат кој може да го послужите откако ќе два часа ќе отстои во фрижидер.
Со нутела, плазма, банани и можеби малини. Наместо нутела, може да користите и обичен крем или стопено млечно чоколадо.
Состојки:
– 350 грама мелена плазма
– 200 грама путер
– 3 лажици нутела или друг крем
– 100 мл. млеко


За фил:
– 1 помала банана
– 200 гр. крем сирење
– 1 лажица шеќер во прав
Изматете сè.
– 300 мл. слатка павлака
Изматете па соединете ја со претходниот фил. Потребни се уште 2-3 банани и 1 лажица нутела.
Премачкајте половина од кората од плазма. Ставете ги бананите и смотајте ги во ролат. Во преостанатиот фил додадете 1 лажица нутела и со тоа премачкајте го ролатот. Оставете го во фрижидер околу 2 часа, а потоа пресечете и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.