Нова трансплантација на црн дроб- донатор на органи е жена во клиничка смрт

Рано утрово на Хируршките клиники започна експлантацијата на органите, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање.

– Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива, соопштија од Министерството за здравство.
-Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали.

Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.
– Не радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот, рече министерот.

Во ноември, за првпат во Македонија беше извршена трансплантација на црн дроб, а 60-годишниот пациент кој доби нов орган, беше пуштен и дома ја дочека Новата година.
Сите права се задржани. Овој текст не смее да се

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.