Во текот на преговорите за Охридскиот договор, Љупчо Георгиевски демонстративно ја напуштил средбата во Палата Македонија (седиште на ЕУ тогаш), изјавувајќи дека тоа значи крај на Македонија. Првичниот предлог (нон-пејперот) бил сменет и изменет во корист на македонската страна под притисок. Првата формулација предлагала македонскиот и албанскиот јазик (со кирилско писмо) да бидат службени каде што има над 20% Албанци, но овој текст бил сменет во финалниот документ. Како точно се одвивале преговорите и како дошло до потпишување на Охридскиот Рамковен договор, ексклузивно за емисијата Во Центар раскажува Насер Зибери.
„Ако ми дозволиш накратко технологијата на преговорите. Значи кога не седнаа на преговори прво во Скопје, зошто цело време се преговараше во Скопје до моментот кога излегоа преговарачите со првиот нонпејпер за содржината на договорот а кој го отфрли Љупчо Георгиевски како неприфатлив и демонстративно ја напушти средбата во палата Македонија. Тоа беше во седиштето на Европската унија и рече дека ова значи крај на Македонија. А во тој текст беа изложени сите барања кои ние ги имавме.“
„Значи они ги слушаа нашите барања и јас одев член по член што бараме да се смени во уставот они ги запишуваа нашите барања, па откако ние ќе излезевме од средбата влегуваше македонската страна Радмила Шеќеринска, Никола Поповски, Марјан Ѓорчев, Доста Димовска, па ќе ги слушаат контрааргументите нивни за тоа што ние го кажуваме и они градат став. Сме во право, не сме во право, ова е прифатливо, ова не е прифаливо.“-И на крај тоа да оди на заедничка маса кај што нема едните по вторите, па вторите по третите да да влегувате, туку да бидете седнати на иста маса.На крај еден вид на еден вид на дејтон да ви направат.„Да. Да. Апсолутно е така, по ист принцип.“Кога ги исцрпивме сите прашања зошто освен уставот ние имавме и други барања да речеме легализација на тетовскиот универзитет попис со меѓународно меѓународен мониторинг рехабилитација на оштетените подрачја и така натака, законот за амнестија.Да се вратам на моментот кога Љупчо демонстративно го напушти состанокот, тој вика: јас нема да бидам еден од учесниците кој ќе ќе стави крај на постоењето на оваа држава и јас не прифаќам и ги напушти.И дојде до менување на текстот.Нашиот предлог многу се разликуваше од финалниот документ.Тогаш имаше формулација за јазикот дека прво службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско пи писмо, па службен јазик е и албанскиот јазик и неговото писмо во подрачјата каде што над 20% живеат Албанци, но тоа не беше прифатливо и сега е оваа формулација дека службен јазик е и јазикот што го говорат над 20% од населението.
И тоа беше издејствувано под притисок на македонците.“
Сите екслузивните детали што Насер Зибер ги откри за емисијата Во Центар може да ги погледнете на следниот линк:
The post Нон-пејперот за Охридскиот договор: Како Љупчо Георгиевски ја напушти средбата и зошто беше сменет текстот за јазикот appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



