Нутела палачинки: Рецепт за највкусните палачинки кои некогаш сте ги пробале!

Доколку сте љубители на чоколадо и ви треба едноставен и брз рецепт, Нутела палачинките се вистинскиот избор.

Потребни состојки:
2 јајца
110 грама шеќер
250 милилитри полномасно кравјо млеко
3 лажици екстра девствено маслиново масло
270 грама повеќенаменско брашно
30 грама какао во прав
2 лажички прашок за пециво
100 грама Нутела
Начин на подготовка:

Најпрво треба ја оставите нутелата да отстои во замрзнувач околу половина час. Скршете ги јајцата во сад и изматете ги. Потоа истурете го шеќерот во садот и одново изматете за да ги измешате состојките. Истурете масло и млеко, па во смесата додајте брашно и прашок за пециво. Сето тоа изматете го со миксер додека не се изедначи.

Ставете ја тавата на тивок оган и прелијте ја со неколку капки масло. Кога тавата ќе се загрее, додадете малку од тестото за палачинки, покријте ја тавата со капак и оставете ја палачинката една минута на тивок оган. По една минута додадете од нутелата во тестото, па покријте го кремот со уште една лажица тесто и повторно покријте ја тавата со капак.

Кога ќе почнат да се појавуваат меурчиња врз тестото, време е да го превртите. Проверете дали палачинката е готова и од долната страна и тргнете ја од оган. Повторете го целиот процес со целата смеса, а потоа украсете ги готовите палачинки со остатокот од кремот и уживајте во чоколадното задоволство. На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.