Обама од Израел ги предупреди Иран и Сирија

Американскиот претседател Барак Обама, настојувајќи да го примири Израел, на првиот ден од својата прва посета како претседател на најважниот сојузник на САД на Блискиот исток, во средата ја потврди американската решителност да се сопре Иран и вети дека Сирија ќе одговара доколку користи хемиско оружје, велејќи дека побарал истрага дали во Сирија било употребено ваков вид оружје за што се обвинуваат меѓусебно двете страни во тамошниот конфликт.На прес-конференцијата заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со кој подолг период имаа многу затегнати односи, американскиот претседател Барак Обама изрази скептичност за тврдењата дека сириските бунтовници употребиле хемиско оружје и рекол дека ќе има одмазда доколку го користел сирискиот претседател Башар ал-Асад.„Јасно кажавме дека употребата на хемиското оружје против сирискиот народ би била сериозна и трагична грешка. Режимот на Асад мора да разбере дека ќе одговара за користење хемиско оружје или ако тоа оружје им го предаде на терористите“, изјави Обама на прес-конференцијата во Ерусалим.Американскиот претседател, исто така, изрази желба да се продолжат израелско-палестинските преговори, меѓутоа не изнесе нови предлози, ниту ја спомена изградбата на израелските населби на териториите коишто западот ги смета за окупирани палестински територии, што беше главната причина за прекинување на мировните преговори водени по покровителство на САД во 2010 година, како и причина за заладувањето на односите меѓу Ерусалим и Вашингтон.Обама рече и дека сака да ги сослуша двете страни пред да се одлучи како да се продолжи. Обама во четврток се среќава со палестинскиот претседател Махмуд Абас.Првенствена цел на посетата на Обама на Израел е да се подобрат односите со важниот американски сојузник кој во првиот претседателки мандат на Обама се навреди кој американскиот претседател вршеше притисок да се запре подигањето доселенички населби и не ја посети еврејската држава.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, искажувајќи видливо посрдечен однос кон Обама, рече дека „целосно е убеден дека американскиот претседател е одлучен да го спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје“.Израелскиот премиер рече и дека Обама сигурно разбира дек Израел „никогаш не може своето право да се брани да им го препушти на други, дири ниту на најголемите пријатели“, што се толкува како сигнал дека Израел има и план за самостојно дејствување и напад врз иранските нуклеарни постројки. „Дека и двајцата имаме право и способност да се браниме“, порача Нетанјаху.Обама, чијашто администрација во минатото настојуваше да го одврати Израел од еднострани воени напади врз Иран, рече дека Нетанјаху „потполно е во право“ во тоа дека секоја земја има право да се брани.Обама рече и дека нема уште многу време, имајќи ги предвид процените за иранскиот напредок во развојот на нуклеарната програма, но и брзо напомена и “дека и натаму има време тоа да се реши дипломатски“, „Прашање е сака ли иранското раководство да ја искористи таа прилика“, додаде Обама.Претходно во средата претпладне веднаш по доаѓањето во аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, американскиот претседател рече дека ја гледа „оваа посета како можност да ги потврдам нераскинливите врски меѓу нашите народи, да ја повторам решителноста на Америка да ја брани израелската безбедност и директно да му се обратам на народот на Израел и на вашите соседи“.„Нашиот сојуз е вечен, засекогаш“, рече Обама при сто изговори „ланецах“, што на хебрејски значи „засекогаш“, за на својата порака да ѝ даде тежина.Обама во текот на посетата сака да ги разубеди сомничавите израелски домаќини во американското ветување дека ќе го спречат Иран во развојот на нуклеарното оружје, како и дека ќе го спречат прелевањето на сириската граѓанска војна во регионот.
МакфаксАмериканскиот претседател Барак Обама, настојувајќи да го примири Израел, на првиот ден од својата прва посета к

Пронајдете не на следниве мрежи: