Овесна каша со тиква и брусници

Потребни состојки:
-40 г овесни снегулки
-1 лажица суви брусници
-60 г пире од печена тиква
-1 лажичка цимет
-ореви
-мед
-уште малку брусници
Начин на подготовка:
Во длабок сад измешајте ги овесните снегулки и брусницата, прелијте со 200 мл вода и оставете да се загрее. Кога водата ќе зоврие, намалете на најниска температура и варете додека снегулките не ја впијат сета течност.
Тоа ќе трае неколку минути и потребно е мешање за да не се залепат на дното на тенџерето.
Кога ќе биде готово, тргнете го тенџерето од шпоретот и додадете го пирето од тиква и зачините, па добро измешајте.
Засладете со мед по вкус, ако тиквата е слатка нема да биде потребно повеќе од половина лажичка.
Сипете ја кашата во чинија, наросете со сецкани ореви и брусница по желба, па прелијте со малку мед.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.