Овој колач се правел за дочек на Новата година во бивша Југославија: Едноставно, а прекрасно!

Време е да смислите што ќе спремате за дочек на Новата година. Наш предлог е еден прекрасен, стар колач.
Овој колач се правел за дочек на Новата година во бивша Југославија: Едноставно, а прекрасно!
Потребни состојки:
150 г ореви
2 јајца
60 г шеќер
ванилин шеќер
200 милилитри млеко
100 милилитри зејтин
270 г брашно
прашок за печиво
10 лажици шеќер
6 лажици вода
150 г чоколадо
10 лажици шеќер
6 лажици вода
50 г бисквити


Начин на подготовка:
Добро изматете ги јајцата и шеќерот. Постепено додавајте го шеќерот. Потоа, додајте го ванилиниот шеќер, млекото и зејтинот.
Додајте го брашното и прашокот за печиво. Промешајте рачно и ставете ги мелените ореви.
Истурете ја смесата во набрашнета тепсија и печете го пандишпанот на 180 степени, 35 минути.
За глазурата измешајте 10 лажици шеќер и 6 лажици вода, па стопете го шеќерот. Тргнете од оган.
Додајте ја чоколадата, оревите и мелените бисквити. Промешајте. Истурете ја смесата врз пандишпанот, наросете сечкани ореви, изладете и сервирајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.