ОДЛИЧНА ИДЕЈА ЗА ДЕНЕШНИОТ РУЧЕК Пилешко со зеленчук, ризница витамини

Богатство на вкус и здравје
СОСТОЈКИ:
2 главици кромид и поголем куп млад кромид
3 свежи пиперки или од замрзнувач
2 свежи домати
2 цветови брокула
2 моркови
пилешки батаци и карабатаци
50 гр ориз
200 гр шампињони
сув зачин по желба и сол
мелен пипер
масло
ПОДГОТОВКА:
На масло пропржете го исечканиот кромид, додадете сечкана пиперка и морков на кругови,
Додадете го пилешкото и динстајте малку. Додадете измиен ориз, додадете сол, бибер, мелен бибер и здробени цветови од брокула.
Излупете го доматот и исечете го на коцки и додадете го, додадете ловоров лист.
Ставете во рерна на 220 степени околу еден час.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.