четврток, 12 ноември 2026
Најново

Оригинален рецепт за проја: Вака ја подготвувале нашите баби

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Постојат некои традиционални јадења кои се незамисливи без пројата.
По рецептот на нашите баби, тие се прават многу лесно и не бараат голема кулинарска умешност.
Пројата од жолтото пченкарно брашно некогаш била главна храна на трпезите на нашите баби, а денес спаѓа во леб кој не се јаде толку често.


Покрај што е вкусна таа има и здравствени предности. Пченкарното брашно е исклучително здраво поради тоа што го намалува холестеролот и високиот крвен притисок, а добро е и за системот за варење на храната, а поради цинкот го јакне имунитетот.
Состојки:

  • 500 грама пченкарно брашно;
  • 1 полна лажица свинска маст;
  • 2 лажици сода бикарбона, сол по вкус;
  • 700 милилитри млака вода.
    Подготовка:
    Во сад ставете го брашното, маста, содата бикарбона, солта и сите состојки помешајте ги со виљушка. Додадете вода и матете смесата да стане како каша.
    Плехот за печење подмачкајте го со малку брашно, па додадете ја смесата.
    Со лажица израмнете ја површината и ставете ја пројата да се пече во рерна која претходно сте ја згреале на 220 степени Целзиусови, 45 минути.
    Послужете додека е топла, пријатно јадење!

Поврзани вести