четврток, 12 ноември 2026
Најново

Палачинки без глутен или смути полно со витамини

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сите сакаме здрави оброци кои се истовремено вкусни. Сепак, ако е слатко и не дебелее, тоа е полн погодок! Вистинскиот избор за здрав и хранлив оброк е дефинитивно смути. Најдоброто од правењето смути е што можете да комбинирате различни вкусови на овошје и зеленчук и да добиете оброк полн со антиоксиданти и витамини.
Еве неколку предлози за здрав појадок во форма на смути:
Смути со протеини
Во блендер изматете една банана, половина чаша јогурт со вкус на ванила, половина чаша овесна каша, половина чаша јагоди, две лажички мед и чаша млеко со малку маснотии.
Енергетски смути
Во блендер ставете две банани, половина чаша млеко со малку маснотии, шолја ладно црно кафе, две лажички мед и коцка мраз.
Смути со овошје-какао
Во блендер измешајте две чаши замрзнати малини, една замрзната банана, половина чаша грчки јогурт, една четвртина чаша обезмастено млеко и две лажици незасладен какао во прав.
Или пробајте здрави палачинки без глутен:
200 гр брашно од хељда
40гр путер
1 лажица шеќер
2 јајца
1,5 лажици прашок за пециво
200мл млеко
малку сол
малку кокосово масло
Подготовка:
Се топи путерот и се остава кратко да се олади. Одделете ги јајцата и изматете ги белките, додавајќи шеќер додека сè не се соедини. Изматете ги жолчките со малку сол околу две минути, а потоа додадете го стопениот путер, а потоа и млекото.
Измешајте брашно од хељда и прашок за пециво, а потоа додадете во смесата со жолчките и промешајте. На крај, нежно додајте ги белките во смесата. Во загреаната тава додадете кокосово масло и печете ги палачинките на неа по неколку минути од секоја страна додека не добијат златна боја.
Здрави палачинки со јаболка
2 поголеми јаболка
1 поголемо јајце
6 лажици брашно без глутен
лажица путер
Подготовка:
Измијте ги, исчистете ги и изрендајте ги јаболките, изматете го јајцето, па додадете во јаболката. Полека додавајте го брашното, лажица по лажица, цело време мешајќи за убаво да се измеша смесата. Ако сметате дека смесата е премногу ретка, додадете малку повеќе брашно.
Загрејте го путерот во тава, па ставете лажица од смесата со јаболката и печете од секоја страна три или четири минути, додека палачинките не добијат златно жолта кора.

Поврзани вести