Печени лепеза компири со пармезан и зачини

Состојки
1 кг компири
2 лажици растопен путер
1 филџанче пармезан
1/2 лажиче црн бибер
1 лажица лук во прав
1 лажица црвен пипер
1 лажиче сол

Малку поинаков начин за подготовка на печени компири, превкусни се. По желба во засеците можи да се стави било што, јас во еден компир по желба на син ми, ставив парчиња печеница. Можи да ставите некакво сушено месо или сланина, кашкавал, маслинки и било што по вкус, а според мене нема потреба, вкусни си се и со основната припрема.
Подготовка
Компирите прободете ги со стапчиња за ражничи и спирално засечете ги.
Премачкајте ги убаво со растопен путер и однадвор и во засеците.
На страна измешајте ги останатите состојки и со нив убаво наросете ги компирите и однадвор и во засеците.
Поставете ги на тавче обложено со хартија за печење и ставете да се печат на 220 степени додека убаво не поруменат.
На здравје

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.