Печени тестенини со сирење

Ќе го обожавате ова јадење!
Потребно е:
240 гр италијански тестенини
1 лажичка сол
1 лажица масло
Прелив:
2 поголеми јајца
200 гр сирење фета
100 мл млеко
50 мл павлака за готвење 20% mm
3 лажици масло
1/2 лажиче сол


Подготовка на макароните:
Во големо тенџере, загрејте ја водата до вриење, додадете ги макароните. Гответе ги според упатствата на производителот, околу десет минути или додека не омекнат макароните. Вклучете ја рерната да се загрева на 200 ° С.
Подготовка на преливот:
Додека се готват макароните, подгответе го преливот. Во голем сад, изматете ги јајцата со лажица или миксер. Додадете рендано сирење. Додадете млеко, масло, сол и павлака, и добро измешајте. Во зависност од соленоста на сирењето, ќе додадеме повеќе или помалку сол.
Во садот со преливот додадете ги сварените и исцедени макарони и измешајте така што преливот да влезе во сите празнини на тестенините. Подмачкајте ја тавата со масло. Додадете ги макароните, па ставете го садот во загреаната рерна. Печете околу 15 минути, или додека јадењетп не зарумени. Послужете топло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.