четврток, 12 ноември 2026
Најново

Печен карфиол со слатко-лут прелив

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ако сте обожаватели на карфиол, ви го препорачуваме овој рецепт. испечете го, па прелијте го со ароматичен прелив. Карфиолот е евтин зеленчук кој можете да го подготвите на милион начини.

На пример, Гордон Ремзи од карфиол прави лажни шницли. Ние предлагаме да го направите овој рецепт. Со случајов, карфиолот е прилог за јадење од месо или риба, а тоа што го издвојува од останатите рецепти е ароматичниот прелив кој се прави со мед и маслиново масло. Одлично е и тоа што вака подготвениот карфиол можете да го послужите како посло јадење.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Потребни состојки:

800 гр карфиол
1 лажичка блага пипер
маслиново масло
½ лажичка лук во прав
сол
бибер
за преливот:

½ лимон
3 лажици маслиново масло
магдонос
лута пипер
1 лажичка мед
Подготовка:

Карфиолот исечете го на цветови и ставете го во сад. Потоа додадете сол, бибер, посипете со пипер и лук во прав. Прелијте со маслиновото масло и измешајте. Наредете во плех обложен со хартија за печење, па печете во загреана рерна на 200°C околу 30 минути.

Во тенџере загрејте маслиново масло, додадете малку рендана кора од лимон, сок од лимон и сечкан магдонос. Промешајте, па додадете мед и лута пипер. Оставете на шпорет 5 минути, а потоа прелијте го над испечениот карфиол кој сте го ставиле во сад за послужување.

Поврзани вести