Пилешко во слатко-лут сос од јогурт, сенф и куркума.
Потребни состојки:
400 г пилешко бело месо
200 мл јогурт
1 лажичка лут сенф
Малку сол и бибер
1 лажичка куркума
Магдонос
Коријандер
Начин на подготовка:
Исечете го пилешкото на коцки и пропржете го на грил тава. Додајте јогурт, сенф, сол и бибер, потоа куркума и коријандер, промешајте и динстајте на умерена температура додека да испари течноста.
Пред крајот на динстањето наросете со сечкан магдонос. Ова вкусно јадење може да го послужите со ориз.
Пилешко во сос од јогурт, сенф и куркума






