четврток, 12 ноември 2026
Најново

 Пилешко со брокула и сусам

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Потребни состојки:
-500 г пилешко филе
-1 лажица мед
-сол, бибер
-1/2 лимон
-3 лажици маслиново масло
-1 чешне лук
-300 г брокула
-1 лажица пржен сусам


Начин на подготовка:
Пилешкото исечете го на коцки и ставете го во сад. Додадете го медот, посолете па полејте со сок од лимон. Потоа додадете една лажица маслиново масло и убаво измешајте.
Оставете да се маринира 10 до 20 минути.
За тоа време, подгответе ја брокулата така што ќе ја ставите во солена, зовриена вода. Малку нека се повари, а потоа убаво иседете. Оладете ја под млаз студена вода за да сочува зелената боја.
Во поголема тава оставете да се загрее две лажици маслиново масло, па додадете го пилешкото месо. Гответе додека не добие златна боја, повремено мешајте. Додадете го истолчениот лук и брокулата, па уште малку гответе.
Кога ќе биде готово, на јадењето посипете од сусамот и послужете додека е топло.

Поврзани вести