Пилешко со лимон и печурки

Предлог за неделен ручек.
СОСТОЈКИ:
1 кг пилешко
лук
1/2 кг шампињони
магдонос
сол
бибер
2 лимони
1/2 чаша бело вино

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исечкајте печурки на листови и потопете во вода закиселена со лимон. Пропржете карабатак или пилешко по желба на масло со ситно сечкан лук. На половина од пржењето додајте печурки, посолете, побиберете и додајте малку рендана кора од лимон. Оставете да се динста на средна температура. На крај додајте вино, сок од лимон и ситно сечкан магдонос, па оставте уште кратко да се динста.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.