четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пилешко Тоскана, специјалитет со најкремастиот сос!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кога ќе го подготвите ова пилешко, ќе имате впечаток дека јадете во ресторан!
Толку е кремасто и сочно, и полно со вкус, па нема да останете рамнодушни.
Состојки:
2 лажици маслиново масло
4 пилешки филети
1 големо јајце
3 лажици брашно
½ лажички сол
¼ лажички бибер
1 лажичка оригано
1 лажичка мајчина душица
1 лажичка зачинета пиперка
За сосот:
4 лажици маслиново масло
1 голем кромид или пурпурен кромид (може да има и 4 врски на млад)
1-2 црвени пиперки
2 чешниња лук
1 лажичка оригано
1 лажичка зачинета пиперка
150 гр суви домати
1 лажица доматно пире
1 dcl вино
250 мл пилешка супа (или коцки за супа на 250 мл вода)
100 мл неутрална павлака
40-50 гр пармезан
¼ лажички пиперка
120 гр беби спанаќ
За украсување:
1 лажица ситно сецкан свеж магдонос
Подготовка:
Во едната чинија изматете го јајцето, а во другата измешајте го брашното со зачините. Белото месо превртете го во јајца, па во брашно и пржете на загреано масло околу 10 минути, вртејќи го месото од време на време. Потоа обложете го плехот со хартија за печење, наредете го пилешкото и печете 150 минути на 180 ° С.
За сосот: Во истата тава каде што сте го пржеле пилешкото, истурете маслиново масло, па пропржете го кромидот што сте го исекле на ленти. Нежно мешајте додека кромидот не стане стаклен, а потоа додадете оригано, зачинета пиперка, сецкан лук, доматно пире, сушен домат и црвена пиперка исечени на ленти. Гответе околу 2 минути и нежно промешајте. Додадете бело вино и варете додека не зоврие со постојано мешање. Потоа додадете супа и бибер.
Зголемете ја температурата за да зоврие сосот, а потоа намалете и оставете да врие уште 5 минути. Истурете павлака и пармезан, промешајте, а потоа додадете спанаќ и промешајте. Кога спанаќот е готов, додадете го месото со целиот сок и оставете го да врие уште 2-3 минути. Украсете со магдонос.

Поврзани вести