Пита со кајсии

Потребни состојки:
220 г брашно
100 г путер
1 јајце
150 и уште 75 г шеќер
Половина килограм сечкани кајсии
2 лажици презла
1 пудинг од ванила
Начин на подготовка:
Измијте ги убаво кајсиите и исечкајте ги, а ако се ситни тогаш исечете ги на половина. Користете само меки кајсии. Исечканите кајсии промешајте ги со 150 г шеќер. Додајте презла и пудинг и оставете ги на страна додека да ја подготвите кората.
Промешајте јајце и 75 г шеќер со лажичка и оставете да се растопи шеќерот. Брашното сипете го во подлабок сад, додајте исечкан путер на парчиња. Мешајте со рацете. Додајте јајце со шеќер за да добиете густо, масно тесто. Замотајте го тестото со фолија и оставете го 1 час во фрижидер.
Оставете малку од тестото за да го покриете филот од кајсии.
Префрлете ја кораката во тава со пречник 25 сантиментри, сипете го филот и подвиткајте ги краевите. Со остатокот од тестото направете ленти кои ќе ги ставите врз филот. Печете околу 40 минути на 180 степени.
Оставете го колачот да се излади пред да го исечете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.