Пита со шампињони и моцарела

Потребни состојки:
100 г путер + 15 г
5 листови готови кори за пита
500 гр шампињони
100 г кашкавал по желба
1 парче моцарела
1 чешне лук
Магдонос
Маслиново масло
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Измијте ги печурките, па исчистете ги и исечете ги на парчиња. Исчистете и исечкајте го лукoт, како и магдоносот.
Вклучете ја рерната на 180 степени.
Загрејте маслиново масло во тава па додајте ги печурките и посолете. Пржете ги неколку минути додека да омекнат. Откако ќе испари течноста, додајте коцка путер и оставете ги шампињоните да се карамелизираат заедно со лукот и магдоносот. Тргнете од оган.
Тавата за печење премачкајте ја со путер, а остатокот од путерот стопете го во помал сад. Со четка премачкајте ја првата корка од двете страни и ставете ја во тавата, па повторете ја постапката со сите кори.
Исечкајте го кашкавалот на коцки, па распоредете по подлогата од кори. Потоа додајте го филот со печурки и распоредете го по целата површина, а одозгора нарендајте моцарела. Преклопете го филот со корите. Печете околу 20 минути додека питата да добие златно-кафеава боја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.