Пијан крап од рерна, на кој е невозможно да се одолее: Посно раскошно јадење, готово дур да трепнете

За време на Божиќните пости и додека ја подготвуваме посната трпеза за Свети Никола и Бадник, крапот е еден од омилените избори, а ова е наједноставниот начин за подготовка на оваа риба.Крапот е една од најпопуларните речни риби на нашите простори, а станува збор за риба со исклучително нутритивен профил.

Во 100 грама крап има 127 калории, 17,83 гр протеини и 5,6 масти, а е одличен извор на омега-3 масни киселини, витамин Д, витамини од Б комплекс, селен …

Оваа година крапот е поскап од минатите години, а доколку сакате да се почестите со него за време на празниците, ова е рецепт кој не смеете да го пропуштите.

Потребни намирници
1 кг крап;

1 кг компири;

100 мл бело вино;

3 чешниња лук;

Гранче рузмарин;

Сол, бибер во прав и во зрна и мајчина душица по вкус.

Подготовка

  1. Излупете ги компирите и исечете ги на коцки.
  2. Во виното истурете зрно бибер и гранче рузмарин.
  3. Добро исчистете го крапот, па засечете го на неколку места и зачинете го со сол и бибер и во засеците вметнете го ситно исечканиот лук.
  4. Ставете ја рибата во подмачкан плех, а потоа распоредете ги зачинетите компири околу неа и прелијте со масло. По желба посипете со мајчина душица.
  5. Печете околу 30 минути во рерна загреана на 180 степени, а потоа прелијте со виното и печете уште 30 минути
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.