Плазма торта од 5 состојки

Одлична и најбрза торта која може да ја направите за 10 минути. Вкусна, сочна и без печење, по рецептот на Мартина Трајаноска.
Потребни состојки:
1 дел
400 г мелена плазма
400 мл овошен јогурт
250 мл слатка павлака
250 г сечкани ресани
2 дел
250 мл слатка павлака
250 г чоколадо
Начин на подготовка:
Изматете ја хоплата и додајте го овошниот јогурт, исечканите ресани и мелената плазма. Смесата префрлете ја во тава бр. 26/28. За чоколадниот дел ставете ги неизматената хопла и чоколадото искршено на парчиња во сад на оган или пареа. Мешајте додека да се растопи чоколадото и префрлете го веднаш чоколадниот дел врз подлогата. Оставете најмалку еден час во фрижидер па може да послужите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.