Подзнакот го одредува вашиот сексуален живот

Стрелец – за нив сексот пред сè e забава. Понекогаш возбудувањата кои му претходат на сексот за нив се повозбудливи од самиот чин на водење љубов. Издржливи се, па бараат сличен партнер на себе. Имаат навика за време на односот да зборуваат со партнерот и да се договараат што ќе прават следно. Сакаат да имаат секс на необични места и во различни околности. Освен тоа пристапот кон партнерот им е спонтан и мошне симпатичен.

Јарец – за овој подзнак преовладува тврдењето дека има слаб сексуален живот. Ова се должи на фактот што Сатурн ги прави личностите внимателни и повлечени. Но, кога ќе го пронајдат вистинскиот партнер стануваат ненаситни и себични. Најмногу сакаат едноставен секс, а понекогаш може да бидат склони и кон перверзија. Во нивниот сексуален живот ретко има изненадувања и непредвидливи нешта.
Жените имаат дарба за манипулација, додека мажите се заштитнички настроени кон својата партнерка.

Водолија – неконвенционален и непредвидлив во сексот овој подзнак никогаш не успева да одреди кога е време за крај. Нештата кои се случуваат во креветот повеќе личат на пријателско интимно дружење отколку на див секс. Сексот ретко има предигра, па затоа веднаш се пристапува на главното. Личностите со ваков подзнак вообичаено имаат секс со повеќе личности и се мошне промискуитетни. Сепак, во тоа не гледаат ништо лошо и неморално.

Риби – подзнак во знакот на риби значи дека целиот секс живот е управуван од емоции. Во односите личноста најчесто игра подредена улога, но тоа не ја спречува да си ги реализира сексуалните фантазии. Сакаат партнерот да биде максимално задоволен, па затоа се подготвени дури и да глумат за да го направат среќен. Релативно доцна созреваат, но брзо го надополнуваат изгубеното.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.