Полнети палачинки: Жешка чоколадна сензација готова за 10 минути

Има ли нешто поубаво од растопено чоколадо? Сигурно има, но додека размислуваме за топол десерт, ништо друго не ни паѓа на памет…
Сакате ли брзо да ги надополните пропуштените калории или пак очајнички ви се јаде нешто благо – пробајте чоколадо во смеса за палачинки.
Подготовката не бара посебни кулинарски способности. Потребно е да направите вообичаена смеса за палачинки, само малку погуста.
Доколку сакате смесата да биде покомпактна, тогаш во неа може да додадете и прашок за печиво, а за арома и малку рум, ванилин шеќер и изрендана кора од лимон.
Парчињата чоколадо изберете ги според вкусот, а пред да ги подготвувате палачинките ставете ги во замрзнувач еден час.
Состојки:
– 1 јајце;
– 200 милилитри млеко;
– 200 милилитри минерална вода;
– 8 лажици брашно;
– прстофат сол;
– чоколадо по избор (Сникерс, Баунти, Марс);
– масло за јадење.


Подготовка:
1. Изматете ги јајцата, па додадете млеко во смесата.
2. Во посебен сад измешајте го брашното и солта, па постапно додавајте го млекото и јајцата додека не добиете смеса за палачинки.
3. Загрејте го маслото за јадење во тенџере или подлабока тава на 175 степени Целзиусови.
4. Потопете го чоколадото во смесата, па пржете околу две-три минути.
5. Внимателно извадете ги палачинките од тавата и оставете ги да се цедат на кујнска хартија
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.