Полнети солени писма: Брзо тесто за секој ден

За доручек, ужина или вечера…
СОСТОЈКИ:
20 гр квасец
200 мл млеко
2 јајца
1 лажичка шеќер
малку сол
450-500 гр брашно
200 гр сирење за фил
1 јајце за фил


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Растопете го квасецот во малку вода, додајте лажичка шеќер, па кога ќе надојде додајте млеко, брашно и сол и замесете меко тесто. Оставете покриено да порасне, па развлечете на 1 см дебелина и сечете на квадрати. Издробете го сирењето, додајте јајце и измешајте. Во секој квадрат на средината ставете фил.
Спојте ги аглите на средина да добиете облик на писма. Редете во намастен плех и покријте со крпа, па кога ќе нараснат премачкајте ги со жолчка и посипете со сусам.
Печете на 190 степени околу 30-35 минути. Покријте со крпа малку да отстои, па послужете со јогурт или кисело млеко.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.