Посна „лута“ салата

Состојки: 8 печени пиперки, 1 печен модар патлиџан, 3 домати, 3 чена лук, 4 страка
магдонос, сол, 2 лажици масло.
Подготовка: Излупете ги пиперките и модриот патлиџан.Доматите ставете ги неколку минути
во сад со врела вода. Потоа излупете го зеленчукот, ситно исечкајте или испасирајте со
вилушка заедно со исчистениот лук и магдонос. Не претерувајте со гмечење да не добиете
каша. На крај зачинете со сол, црн пипер и масло. Доколку јадете луто додајте и лута
пиперка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.