Посна торта со јагоди

Посна торта со ванила крем и јагоди по рецептот на Мартина Трајаноска.
Потребни состојки:
3а 2 пандишпанa
500 мл газирана вода
500 г брашно
350-400 г шеќер
200 мл масло
2 лажици оцет
2 печива
Фил
3 кесички ванила пудинг
600 мл вода
150 г шеќер
250 г маргарин
100 г кокос
50 г мелени бисквити
Jагоди
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки за пандишпаните и поделете на 2 дела. Испечете 2 кори посебно во плехче или тенџере со дијаметар 20 цм. Печете во загреана рерна на 190/200 степени околу 30/35 минути. Проверете со чепкалка дали е готово и оставете ги целосно да се изладат.
За филот, сварете го пудингот со шеќерот во водата и оставете го да се излади. На страна изматете го маргаринот, па постепено додавајте по 1-2 лажици од пудингот и мешајте. Јагодите не се мешаат во филот, туку се ставаат посебно.
Филувајте ја тортата со тоа што прво ќе ставите пандишан, ред од филот, ред сечкани јагоди, па само малку фил врз јаготките за да се залепи другиот пандишпан. Врз вториот пандишан повторно ставете фил и убаво израмнете ја тортата. Одозгора може да ставите јагоди.
Наместо вода може да користите кое било растително млеко.
Исто така пандишпаните може да ги попрскате со сок пред да ги филувате.
Во филот може да додадете плус шеќер, , затоа што секој си јаде различно благо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.