Посна торта

Превкусна торта со 3 фила со различен вкус. Без јајца, млеко, путер…
И така бивало, треба само да пробате и да се уверите. А, и одлично ќе ви дојде во денови на пост.
500 мл вода
250 мл масло
300 г шеќер
300 г мелени ореви
300 г брашно
5 лажици џем од кајсии
1 прашок за печиво
750 мл вода
100 мл соино млеко
4 кесички пудинг од ванила
250 г маргарин
200 г шеќер во прав
150 г мелени ореви
150 г чоколадо за готвење
150 г желе бонбони
Измешајте ги водата, маслото, шеќерот, џемот, брашното, прашокот за печиво и оревите. Од добиената смеса испечете 3 пандишпани.Од водата, соиното млеко и прашокот за пудинг сварете крем. Маргаринот изматете го со шеќерот во прав и додадете го изладениот крем.
Поделете ја смесата на 3 дела. Во првиот додадете ги оревите, во вториот растопеното чоколадо, а во третиот исечканите желе бонбони.Првиот пандишпан премачкајте го со филот со желе бонбони, а вториот со филот со ореви.
Ставете го третиот пандишпан, целата торта премачкајте ја со филот со чоколадо и украсете ја.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.