четврток, 12 ноември 2026
Најново

ПОСНИ ПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ! Вкус за паметење!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Полнетите пиперки се вообичаени на нашите трпези. Најчесто се полнети со мелено месо, а ние ви носиме рецепт за фил со ореви
Состојки:
15-20 суви пиперки
1 компир
2 лажици масло
3 главици кромид
2 ловорови листови
1/2 лажичка бибер
2 страка праз
2 моркови со средна големина
3 лажички сув билен зачин
1 лажичка сол
150 гр варен ориз
200 гр мелени ореви
1 лажичка пипер
вода
1 лажичка сув билен зачин
Подготовка:
Истурете го маслото во тава и загрејте го. Кога маслото ќе се загрее, додадете го исечканиот кромид и динстајте неколку минути. Додадете го ловоровиот лист, биберот и продолжете со динстање.
Потоа додаваме сечкан праз и изрендан морков. Додадете сув билен зачин и продолжете да динстате.
Кога кромидот е убаво потпржен, додадете го претходно сварениот ориз и мелените ореви. На крај додадете го пиперот.
Подгответеги сувите пиперки и исечете го компирот на прстени. Наполнете ги пиперките со филот и затворете ги со прстени од компир.
Наредете ги полнетите пиперки во длабоко тенџере. Зачинете ги со сув билен зачин, прелијте ги со вода и варете на тивок оган 2 часа.
Кога ќе се сварат пиперките, печете ги во рерна на 200 степени околу 15 минути.
Пријатно јадење!

Поврзани вести