четврток, 12 ноември 2026
Најново

ПОХОВАНО ФЕТА СИРЕЊЕ во сусам, прелиено со мед!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Невообичаено фино јадење, може да се служи како мезе, предјадење, појадок или вечера. За овој рецепт, изберете квалитетна фета, а кога ќе ја прелиете со мед, тоа ќе биде арија на вкус…
СОСТОЈКИ:
250 гр фета
две јајца
лажичка мелена пиперка
лажичка мелен бибер
100 гр брашно
100 гр презла
четири лажици мед
половина чаша семе од сусам
ПОДГОТОВКА:
Исушете ја фетата со крпа, а потоа исечете ја на парчиња дебели два сантиметри. Во првиот сад изматете ги јајцата, во вториот ставете го брашното, а во третиот презлата измешана со сусам, бибер и мелена пиперка. Превртете ги парчињата сирење прво во брашно, потоа во јајца и на крај во презла. Ако сакате, повторете ја постапката уште еднаш. Пржете во врело масло додека не поруменат. Исцедете на салфетка и сервирајте.

Поврзани вести