Празнична торта

ЗА ПАНДИШПАН
12 јајца
12 лажици шеќер
12 лажици мелени ореви
2 лажици лебни трошки
2 лажици брашно
2 лажички кафе
ЗА ФИЛ
500 мл млеко
2 пудинга од ванила
250 г маргарин
200 г шеќер
Белките од јајцата изматете ги со шеќерот. Додадете ги оревите, лебните трошки, брашното и кафето и мешајте со лажица додека се соедини смесата. Ставете ја во тава за печење прекриена со хартија и печете 20 минути на 200 степени. Изладениот пандишпан исечете го на 3 ленти по должина.
Во тенџере на оган ставете ги млекото, 100 г шеќер и прашокот за пудинг и мешајте со лажица. Откако пудингот ќе се згусне тргнете од оган и изладете.
Во друг сад изматете ги маргаринот, преостанатиот шеќер и жолчките. Додадете го изладениот пудинг и матете со миксер додека се соедини филот.
На послужавник една врз друга наредете ги лентите пандишпан и филувајте ги. Украсете со чоколадни и шеќерни трошки.

 

 

 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.