Превкусни праски со бадеми во марципан

4 праски
2 лажици мармалад или желе
75 г лупени мелени бадеми
1 јајце
2 лажици шеќер во прав
125 мл изматена хопла
1 лажица рум
Праските излупете ги, извадете им ги семките и оставете ги да се исцедат. Полнете ги половинките праски со по половина лажичка мармалад или желе. Наредете ги во керамичка тава со исечените делови нагоре.
Во миксер ставете ги јајцето, шеќерот во прав, шлагот и румот. Матете една минута и додадете ги бадемите. Промешајте, со добиениот марципан прелијте ги праските и печете ги 5 минути на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.