четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пржен ориз: Лесен рецепт за вкусен ручек кој е готов за 10 минути!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Експертите за готвачи тврдат дека ќе го добиете најдобриот вкус на ова јадење ако го подготвите со застоен и сув ориз што сте го зготвиле претходниот ден и сте го чувале во фрижидер преку ноќ.
Ви носиме рецепт за наједноставната варијанта на пржен ориз со малку зеленчук и пржени јајца.
Состојки:
700 грама варен ориз
70 грама замрзнат грашок
3 чешниња лук
3 лажици путер
3 лажици соја сос
2 моркови
2 јајца
1 мал кромид
½ лажички масло од сусам
сол и црн пипер
Подготовка:
Загрејте една лажица путер во вок или поголема тава, а потоа пржете јајца на неа. Отстранете ги пржените јајца од тавата и оставете ги настрана.
Во истата тава загрејте уште една лажица путер и пржете го кромидот и морковот што сте ги исекле на помали парчиња. Пржете сe заедно со малку сол и бибер околу четири до пет минути додека зеленчукот не омекне.
Додадете го сецканиот лук и пржете ги сите заедно уште половина минута.
Ставете го зеленчукот на едната страна од тавата, а од другата стопете ја последната лажица путер.
Додадете варен ориз, замрзнат грашок, соја сос и масло од сусам во тавата и измешајте сe заедно со зеленчукот. Пржете на висока температура околу три минути додека оризот не ги „испие“ сите вкусови и не стане крцкав.
Вратете ги јајцата во тавата, измешајте сe заедно и сервирајте топло. Украсете со парче млад кромид. Добар апетит!

Поврзани вести